Соопштение на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола:
7 ПРОЕКТИ ВО ВИСИНА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА
БЕА ОДОБРЕНИ ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА.
Во моментот се наоѓаме во с.Трново на патот за националниот парк Пелистер каде што требаше да отпочне реконструкцијата на канализационата мрежа и за кој е склучен договор за промена на коловозот но проектот не доби поддршка од советниците на СДСМ, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА.
Исто така и следните 6 проекти не ја добија поддршката од СДСМ, ПОИНАКУ и ЛЕВИЦА.
1.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Гаврило Принцип
2.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Паца Ванчова
3.Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул.Влатко Миленковски
4.Реконструкција на водовод и канализација на ул. 7-ма Бригада
5.Изградба на водноснабдителен систем за с. Лисолај, ІІ фаза,
6. Изградба на водоводна мрежа на Булеварот 1-ви Мај
Ваквото одбивање и деструктивно однесување се случува по втор пат за проекти финансирани од ЕУ.
Јавно ги прашуваме СДСМ дали со ваквото одбивање се против проекти финансирани од ЕУ и дали можеби СДСМ со ваквото однесување се приклонуваат кон РУСИЈА или омилената дестинација на ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Дубаи.
1 милион евра од кој требаше аир да видат граѓаните – ќе пропаднат од лоша политика, кратковидост и неспособност да се оддвои важното од неважното – СДС, ПОУНАКУ И ЛЕВИЦА граѓаните не ве бираа за да гласате против нив и нивните интереси – немате право да ги жртвувате ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА – немате право да ги жртвувате ГРАЃАНИТЕ.