Centar.mk
ЛОКАЛНО

Уписи во средните училишта во Општина Битола

За уписи во средните училишта во општина Битола за учебната 2025/2026 година, предвидени се два уписни рокови:

ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни
2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.

АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
* Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.

Битолските средни училишта ги нудат следните образовни профили:

– СОТУ „ Ѓорѓи Наумов “
– Машинска струка – четиригодишно образование
• Техничар за компјутерско управување
• Машински техничар/Машинско енергетски техничар
• Машински техничар за моторни возила
– Машинска струка – тригодишно образование
• Заварувач/бравар-браварка
– Електротехничка струка – четиригодишно образование
• Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
• Електротехничар за електроника и телекомуникации
• Електротехничар енергетичар
• Техничар за индустриска мехатроника

– СОУ „ Таки Даскало “
– Гимназиско образование
• Природно-математичко подрачје
• Општествено-хуманистичко подрачје
• Јазично – уметничко подрачје
– Графичка струка/сектор графичарство
• Графички уредник-дизајнер
• Графички техничар
• Печатар
– Сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање
• Техничар за патен сообраќај
• Техничар за транспорт и шпедиција
– Текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи
• Техничар за дизајн на облека/Техничар за изработка на облека
– Геолошко-рударска и металуршка струка/сектор геологија, рударство
и металургија
• Геолошко рударски-техничар
– Градежно-геодетска струка/сектор градежништво и геодезија
• Архитектонски техничар/Градежен техничар
– Угостителско-туристичка струка/сектор угостителство и туризам
• Хотелско – туристички техничар
– Струка/Сектор лични услуги
• Техничар за козметичка нега и убавина

– СОЕУ „ Јане Сандански “
– Сектор Економија, право и трговија
• Економски техничар
• Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг

– СОЗУ „ Кузман Шапкарев “
– Сектор Земјоделство, рибарство и ветеринарство
• Агротехничар за традиционално и органско производство/техничар за
ветеринарна медицина

– СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито “
– Гимназиско образование
• Природно – математичко подрачје ПМА
• Природно – математичко подрачје ПМБ
• Општествено – хуманистичко подрачје ОХА
• Општествено – хуманистичко подрачје ОХБ
• Јазично – уметничко подрачје ЈУА
• Јазично – уметничко подрачје ЈУБ

– СОМУ „ Д-р. Јован Калаузи “
– Сектор Здравство и социјална заштита
• Медицинска сестра
• Фармацевтски техничар
• Физиотерапевтски техничар
• Гинеколошко – акушерска сестра
• Забен техничар
– Лични и други услуги
• Техничар за очна оптика

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК