9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, Жаклина Пешевска, денеска оствари средба со полковничката Антониела Станковска-Будимир од Министерството за одбрана. На средбата присуствуваше и пратеничката Лидија Петкоска, членка на Комисијата.

Станковска-Будимир работи на промовирање родова еднакваквост во Министерството и Армијата, таа е НАТО сертифицирана родова обучувачка во земјава и странство, членка на многу регионални родови групи и има изработено повеќе родови дела.

Во фокусот на средбата беше Вториот национален акциски план (НАП) за имплементација на Резолуцијата на Обединетите нации 1325 – Жени, мир и безбедност – https://mod.gov.mk/inc/uploads/2021/05/Second-NAP-North-Macedonia_MKD.pdf , чија координаторка е токму полковничката Станковска-Будимир. Овој стратешки документ се доставува во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, но и до Европската Унија. За истиот, во Извештајот на Европската комисија за земјава, нотирани се позитивни забелешки.

НАП-от, кој се базира на принципите на интеграција, инклузивност и интегритет, опфаќа пет стратешки цели базирани на принципот на еднакви можности на жените и мажите, и тоа: унапредување на лидерски позиции; вклученост во општеството; олеснување – поддршка; сеопфатна и ефективна заштита; комуникација, обука и образование.

Целта е да се подигне свеста за родовите прашања во безбедносните структури, да се унапредат знаењето и вештините, да се подобри положбата на жените, соочување со предизвиците и зголемување на бројот на жени на раководни позиции.

Соговорничките беа едногласни дека меѓусебната соработка е многу важна, треба да се промовираат добрите искуства практики, да се иницираат проекти за унапредување на жените во одбраната и воопшто. Стереотипите сѐ уште не се скршени, менталитетот е еден тежок процес, но младите денеска се со поинакви размислувања. И покрај напредокот, претстојат многу предизвици и работа.

Во таа насока, тие се согласија после 20 мај, кога се одржува промоција на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 на Министерството за одбрана и Армијата, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите да одржи настан на оваа тематика, со релевантни учесници, што ќе биде можност во законодавниот дом да се дадат ефективни препораки од областа.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК