Centar.mk
СВЕТ

Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на сместувачки капацитети за војници се зголемува во неколку клучни бази, се распоредуваат авиони и се гради нова инфраструктура, пишува „Хелсинки тајмс“.

Снимката ја објави шведската телевизија СВТ, а ја презеде компанијата „Планет лабс“. Тие покажуваат интензивна активност на четири локации. Според процените, Русија го зголемува своето воено присуство во регионот како одговор на влегувањето на Финска и Шведска во НАТО.

Началникот на шведската армија, Михаел Клаесон, изјави дека овие случувања се потврда за она што Русија го најавува како воено-технички одговор на проширувањето на НАТО. „Кога аплициравме за членство во НАТО, Русија рече дека ќе преземе одредени мерки. Сега гледаме дека ги спроведува“, рече Клаесон.

Финска официјално стана членка на НАТО во 2023 година поместувајќи ја границата на алијансата директно кон северозападна Русија. Како одговор на тоа, Финска ги зајакнува сопствените одбранбени капацитети и гради команден центар на НАТО во Лапонија, кој треба да биде оперативен до крајот на годината./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тројца тинејџери загинаа во Франција откако паднаа и се удавија во базен длабок 1,5 метри

C +

Медведев: Конфискацијата на замрзнатите средства од страна на ЕУ може да биде оправдување за војна

C +

Путин ја опиша средбата со Виткоф како многу корисна, но тешка задача е да се постигне консензус

C +
error: Соддржината е заштитена.