Centar.mk
Фото: Министерство за земјоделство
БИЗНИСвест

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

„По последното невреме кое што се случи овде, во комуникација сме со градоначалникот и локалната администрација. Денеска сум овде за да извршам увид и лично да ја процениме состојбата од невремето кое што го зафати овој дел на општината“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Василево.

„Градоначалникот ме информираше дека веќе се формирани Комисии за процена на штета. Тука морам да кажам дека министерството со стручни луѓе од Подрачната единица учествува во овие Комисии се со цел проценката да се изработи стручно“, појасни министерот.

Тој посочи дека тече Јавниот повик за пријавување на штета, првичните барања веќе се пристигнати.

„Деновиве, Комисиите ќе излезат на терен нема да го чекаат крајниот рок до 20-ти мај кога треба да заврши повикот за пријавување на штети, се со цел да направиме благовремена процена на штетата која што е причинета, затоа што се работи за раноградинарски производи. Треба да излеземе во пресрет на земјоделците, побргу да ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени“, посочи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека по завршување на целата проценка, согласно изработка на збирниот елаборат, ќе биде доставено до второстепена комисија на Владата, понатака на Влада ќе се одлучи за висината на проценката.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ЦЕНОВЕН УДАР НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ – РКЕ ги објави новите цени, дизелот достигна 100 денари

ДЕСК

НОВ РАЗВОЈ ВО БАНКАРСКИОТ СЛУЧАЈ – Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за платежни услуги на „Алта пеј груп“

ДЕСК

ПО ГОЛЕМИОТ ХАКЕРСКИ НАПАД – „Бајненс“ постепено ги враќа услугите за повлекување криптовалути

ДЕСК