Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

-Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.

Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.

Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали во Брисел се сретна со претставници на Европската комисија и COELA

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 32°C: Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК