Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Најави дека е можно евентуално дополнително проширување на истрагата, но тоа би зависело и од доказите што ќе бидат обезбедени. Коцевски соопшти дека обвинителите во Скопје и во Кочани сè уште вршат распити, се сослушуваат сведоци, но не би требало да дојде до пролонгирање на рокот за завршување на истрагата и подигнување обвинение.

Прашан дали се истражува рацијатата во дискотеката и дали ќе бидат опфатени тогашниот началник на ОВР Кочани и СВР Штип, кои се разрешени, Коцевски одговори дека истрагата што се води е во исклучително важна фаза сега и не може да изнесат повеќе детали./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК