Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

-На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). – соопшти МВР.

-Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.

По однос на останатите евидентирани прекршоци, за непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, потоа дури 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Потоа следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците.

Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата, нашата дефиниција е систем кој генерира економско достоинство

ДЕСК

ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВРАТАТА И ИМ РЕКОЛ НА ЖЕНИТЕ ДА БЕГААТ – Необичен случај при полициска интервенција

ДЕСК

Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции, но истовремено ја задржува социјалната компонента

ДЕСК