Centar.mk
СВЕТ

Пакистанска армија: Соборивме пет индиски авиони и дрон

Пакистански безбедносни извори тврдат дека собориле пет борбени авиони на индиските воздухопловни сили и едно беспилотно летало за време на индискиот напад, објавија дописниците на Си-ен-ен Софија Саифи и Ник Робертсон во Исламабад.

Според соопштението доставено до новинарите, три француски авиони „Рафал“, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало „Херон“, биле соборени во одбранбената акција.

Истата информација ја потврди и друг висок функционер на пакистанската влада.

Во извештајот не се наведува точната локација или начинот на кој авионите биле соборени. Претходно вечерта, пакистанските власти тврдеа дека собориле три авиони и едно беспилотно летало.

Си-ен-ен не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења и ја контактираше индиската влада за коментар.

Постојат и други непотврдени извештаи за поголема штета нанесена од пакистанските сили, и копнени и воздушни, врз индиските сили./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТАЈВАН И ЕУ ГИ ЗАЈАКНУВААТ КОНТАКТИТЕ – Европски пратеник со порака за самостојно одлучување

ДЕСК

ГРАНИЦАТА МЕЃУ СИРИЈА И ЈОРДАН ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА – Во тек истрага за смртоносни воздушни напади

ДЕСК

САД И ИРАН ВО НОВА ФАЗА НА ТЕНЗИИ – Пентагон ги пресметува трошоците на војната

ДЕСК