Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски: Борбата и делото на Гоце Делчев за Македонија се безвременски, така и ќе остане за следните генерации

Интегрално ја пренесуваме изјавата на премиерот Христијан Мицкоски:

„Денешниот ден не потсетува на тоа колкав голем титан, македонскиот народ имал, којшто имал не само локално, би рекол регионално па и пошироко значење. Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе остане за генерациите коишто следат.

Оваа генерација политичари во македонската Влада има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело на оние генерации коишто следат, но истовремено и достојно да го чува и негува. Кога велам да го чува и да го негува да ја пренесува вистината, онаа вистина каква што вистински се случувала, а невистината којашто за жал некој се обидуваат да ја искриват и во колективната меморија на македонскиот народ.

Во минатото имаше обид за инженеринг за таа вистина да биде поинаква. За среќа тоа е веќе минато, а наша обврска е вистинската вистина да ја пренесеме на идните генерации за овој голем македонски титан Гоце Делчев.“

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК