Centar.mk
РЕГИОН

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По медицински преглед, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми.

Како резултат на тоа, на претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД меѓу кои и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да има средби и со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и српски претприемачи од САД. Со него во САД биле и министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ, јавија српските медиуми.

За што точно станува збор, кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста во наредните денови.
Најавената посета на Вучиќ на Москва на 9 мај сега е доведена во прашање, иако претходно изјави дека во никој случај нема да се откаже од неа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Снег заврна во Хрватска – создадена снежна покривка

ДЕСК

Од 1 јануари, нови услови за пензионирање на жените во Србија

ДЕСК

Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал

C +