Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Простор за поддршка“ – Во Кочани ќе се одржат групни работилници за справување со траума, загуба и заедничко заздравување

По трагичниот настан во кој животот го загубија над 60 млади луѓе, Кочани остана во тишина. Болка, шок, неверување и чувство на беспомошност се уште тивко живеат во многу млади, семејства и професионалци. Зад оваа тишина се кријат луѓе кои не знаат како да се справат со она што го чувствуваат – и тоа е разбирливо.

Но токму затоа е важно да не останеме сами. Да создадеме простор каде што ќе може да се зборува, да се чуе, да се издржи заедно и полека – да се заздравува.

Овој мај започнува програмата „Простор за поддршка“ – серија бесплатни групни работилници за:

  • Млади (14–25 години) – кои не се чувствуваат подготвени да зборуваат индивидуално, но ќе се придружат на група со која можат да се слушнат, препознаат и поддржат.
  • Семејства на настраданите, но и сите оние кои се чувствуваат погодени – за поддршка во процесот на жалење, справување со тагата и грижата за своите најблиски.
  • Професионалци – пожарникари, наставници, полицајци, здравствени работници – оние кои беа таму, и оние кои секојдневно ја носат тежината на другите.

Работилниците ќе се одржуваат во Кочани, секој викенд почнувајќи од 10 мај, во циклуси од:

  • 8 сесии за млади и семејства (секоја сабота)
  • 4 сесии за професионалци (секоја втора сабота)

Сесиите се водени од искусни психолози и психотерапевти и вклучуваат техники за стабилизација, споделување и градење психолошка отпорност. Учеството е целосно бесплатно и доверливо.

Пријави се:

Доколку сакате да учествувате, да вклучите некој близок или само да дознаете повеќе, контактирајте нѐ на:

📞 078 313 306

Да не дозволиме тишината да остане гласот на болката.

Да си помогнеме – сега, кога е најпотребно.

Реализацијата на проектот е овозможена од dm Македонија во соработка со стручниот тим на Психолошкиот Центар Алтернатива – Групација Алтернатива.

 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК