Centar.mk
СВЕТ

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија, додавајќи дека Вашингтон мора да покаже „искреност“ во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините, за кои вели дека не можат да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусираше својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следат наскоро“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следат наскоро“, рече тој, додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои „многу голема шанса“ неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откако кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за прилагодување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИСТОРИСКА СРЕДБА НА ТРИТЕ СВЕТСКИ СИЛИ – Трамп, Путин и Си разговараа за нуклеарното оружје и глобалната безбедност

ДЕСК

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ВО СИЛИЦИУМСКАТА ДОЛИНА – Руски државјанин осомничен дека следел вработени во американска одбранбена компанија

ДЕСК

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВИ 45 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА – Еве за што се наменети парите

ДЕСК