Centar.mk
СВЕТ

Руски напад врз Одеса

Во напад на руски дронови врз Одеса во текот на ноќта загинаа две лица, а пет беа ранети, соопшти гувернерот на регионот Олех Кипер.

Во нападот избувнале бројни пожари, а оштетени се станбени згради и училиште.

„Во нападот загинаа две лица, а петмина се повредени. Лекарите им ја пружаат сета потребна помош на повредените“, објави Кипер.

Тој извести дека на терен се поставени шатори за помош на повредените и дека пожарникарите ги гаснат пожарите кои избувнале на повеќе места во градот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +