Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени двајца возачи во тетовско, управувале возила со брзина над 170 км на час на места каде е дозволено 80 односно 100 км на час

На 30.04.2025 во 10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Р.(19) од с. Синичане, затоа што на автопатот Скопје- Тетово управувал патничко возило „голф“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час. Во 18 часот, пак, на патот Гостивар-Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“, со странски регистерски таблици, со брзина од 173 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час, соопшти МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК