Centar.mk
фото Општина центар
вестМАКЕДОНИЈА

Герасимовски: 1 Мај нè потсетува на важните вредности – трудот, солидарноста и социјалната правда

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 1 Мај — Меѓународниот ден на трудот, упати честитка до граѓаните, потенцирајќи ја важноста на трудот како темел на општеството и човечките вложувања во поттик за социјална правда.

„Општеството е онолку силно колку што се почитувани и вреднувани работниците кои го сочинуваат неговото јадро. Наша должност е да продолжиме да се грижиме за социјална правда, солидарност и еднакви можности за сите, заедно градејќи достоинствено утре. Денеска оддаваме почит на трудот и напорот што секојдневно го вложуваат работниците во Општина Центар. Нивната посветеност, одговорност и професионалност се темелот врз кој ја градиме поуслужна, поефикасна и поодговорна локална самоуправа. Благодарност до сите ангажирани што со својот труд придонесуваат Центар да биде подобро место за живеење“, истакна Герасимовски

Тој додаде дека 1 Мај е симбол на борбата за работнички права, за фер услови и достоинствен живот за сите, но и потсетник дека заеднички сме обврзани да го негуваме трудот како двигател на секое општество.

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар

ДЕСК

ПРЕД ПРАЗНИКОТ ПРОВЕРЕТЕ ГО КАЛЕНДАРОТ: Еве кои неработни денови следуваат до крајот на 2026

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕДИЗВИК ЗА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ: Министерката Јаневска на панел дискусија во Скопје

ДЕСК