Centar.mk
БИЗНИС

М6 Едукативен центар, австриската Амбасада и AdvantageAustria со заедничка иницијатива за јакнење на соработката помеѓу австриската и македонска бизнис заедница

Развој на нови деловни можности, проширување на постојните економски врски и јакнење на стратешкиот дијалог меѓу деловните заедници на двете земји беа во фокусот на настанот кој се одржа во организација на М6 Едукативен центар и Амбасадата на Република Австрија во Скопје, заедно со канцеларијата на Австриската стопанска комора (AdvantageAustria).

На настанот присуствуваа претставници на повеќе од 70 водечки македонски и австриски компании од бизнис секторот во Република Северна Македонија, меѓу кои се вбројуваат: Тиквеш, ЕВН, Триглав АД, АМСМ, Раде Кончар, Дуна, Кабтел, А1 Македонија, Diners, Austrian Airlines, Knauf, Quehenberger, SmartLiving и други. Присуството на ваков широк спектар на компании укажува на зголемениот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на стабилни економски партнерства.

Настанот го отвори претседателот на групацијата М6 Светозар Јаневски, кој укажа на важноста и потребата од градење на просперитетни и одржливи партнерства за зајакнување на економијата на нашата држава, истакнувајќи дека поттикнувањето на довербата и стратешко сојузништво помеѓу македонските и австриските компании се предуслов за економски раст и регионална стабилност.

Амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер и претставници на канцеларијата на Австриската стопанска комора AdvantageAustria ја претставија својата мисија и улога во поддршката на австриските компании во Република Северна Македонија. 

Во рамки на настанот, Австриската агенција за развој ја презентираше Програмата за креирање и финансирање на стратешки бизнис партнерства помеѓу приватниот сектор, насочена кон поттикнување на одржлив економски, еколошки и општествен развој.

Извршната директорка на М6 Едукативен центар Елена Младеновска Јеленковиќ ги претстави активностите на центарот, кој во својата мисија за трансформација на поединци и компании во државата и регионот, нуди можности за едукација, вмрежување, соработка, проекти и совети од еминентни луѓе од светот на политиката и економијата. 

Настанот претставува значаен чекор во интензивирањето на економските односи меѓу Северна Македонија и Австрија, создавајќи основа за нови заеднички иницијативи, инвестиции и растечки економски врски од взаемен интерес.

Можеби ќе ве интересира

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

C +

АХВ со важна информација: Оператор за храна од рафтовите повлече производ за бебиња – ако сте го купиле, не им го давајте на бебињата

ДЕСК