Centar.mk
РЕГИОН

15-годишно девојче падна од тераса во Косово

15-годишно девојче паднало од зграда во Србица и со тешки повреди било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.

Откако паднала од балконот на зграда во Србица, девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар на Косово, каде починало.

Во полициското соопштение се наведува дека девојчето паднало од зградата околу 17:30 часот.

„Жртвата е испратена на лекување во регионалната болница, а потоа продолжила кон Приштина, каде, како што е соопштено, жртвата починала. Со одлука на обвинителот, телото е испратено на обдукција“, се вели во соопштението објавено од медиумите на албански јазик./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +