Centar.mk
СВЕТ

Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир.

„Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциско.

Претседателката на ЕК додаде дека со украинскиот претседател разговарала и за чекорите што ги презема Киев за да го заслужи своето место во европското семејство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +