Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална, велат од СДСМ.

„Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации.

Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!

Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба.

Очигледно е – на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +