Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Сите можни инспекции вршат притисок врз градоначалниците на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во вечерашното гостување во Дневникот на Сител Телевизија во рамки на Тема на денот откри дека власта, преку своите институции, прави притисок врз градоначалниците на СДСМ.

Како што истакна Филипче во интервјуто, општините под раководство на СДСМ се запоседнати од инспекции.

„Ние имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции се во општините во пресрет на локалните избори. Од Управата за јавни приходи, организиран криминал, различни други институции коишто се под Министерството за внатрешни работи“, потенцира Филипче.

Како што додаде тој, тоа се случува исклучиво во општините кои се раководени од луѓе од СДСМ, а не и во другите општини каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ПУКНА НОВО НЕСОГЛАСУВАЊЕ ВО ВЛАСТА – ЗНАМ со порака до ВРЕДИ за правосудниот испит

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА БУРА ОКОЛУ „АЛТА БАНКА“ – Филипче со прашања до Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ возврати

ДЕСК

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК