Centar.mk
фото Владина прес служба
вестМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

-Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

-Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина. Нека е честито, додаде Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКА БУРА ОКОЛУ „АЛТА БАНКА“ – Филипче со прашања до Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ возврати

ДЕСК

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК