Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Љутков ги погази правата на културните работници: СДСМ бара итна исплата на платите

Сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазивање на правата на културните работници, вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

„И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за Култура дека е незаконски а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем туку потреба за работниците и претставува законска обврска. Тој договор е резултат на борба на работниците, на дијалог и праведна политика на СДСМ кога беше на власт и кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа редовно и со почитување на сите права на вработените“.

Денеска, додава таа, за жал културните работници се без плата за месец март и празниците така ги поминаа, а гледаме дека никој не понесе одговорност.

Ова, според неа, е последица на неспособност и распиничко трошење и целосно потфрлање на министерот за култура и владата на ДПМНЕ.

Како што оценува Кузеска, прашање е дали нападот на колективниот договор е најава за ново кратење на правата на вработените во културата и тоа по партиски терк.

„Неговата неспособност не е никакво оправдување. СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК