Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија по што, во согласност со протоколот, тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиниката за пластична хирургија и во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување уште 38 пациенти.

Во земјата во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница „Систина“ двајца пациенти.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, нагласуваат од Министерството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +