Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод најголемиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните, нагласувајќи ја потребата од заедништво, социјална правичност и грижа за секој поединец – вредности кои ја обликуваат визијата за похумано и праведно општество.

„Велигден е празник кој го слави животот, надежта и човечноста. Тоа е време на длабока духовна смисла и можност да се потсетиме дека општеството го градиме заедно – со отворени срца, солидарност и чувство на одговорност кон секој човек“, истакна Герасимовски.

Тој порачува дека празничните денови се можност не само за духовно обновување, туку и за поттикнување на емпатија и конкретни дела на добрина, особено кон најранливите категории на граѓани.

„Нашата цел како локална самоуправа е да бидеме блиску до луѓето – да слушаме, да помагаме, да создаваме можности. Велигден нека ни биде потсетник дека никој не смее да биде заборавен, дека секое семејство заслужува достоинствен живот, и дека само преку заедничка грижа може да напредуваме како вистинска заедница. Во секој дом нека владеат љубов, разбирање и топлина. Да го споделиме празничниот дух со сите околу нас и да продолжиме заедно да го градиме Центар како отворена, грижлива и правична општина. Христос воскресе!“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ВО СРЕДА БЕЗ СТРУЈА – Објавени улиците и часовите на прекините

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОВТОРНО БАРА СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО – Катастар на оџаци и електрични автобуси

ДЕСК

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

ДЕСК