Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Извршен увид по тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.

-Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените. По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК