Centar.mk
БИЗНИС

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание на американските царини. Економскиот раст во првите три месеци од годината ги надмина очекувањата, поттикнат од посилната продажба на мало и индустриското производство.

Заменик-директорот на кинеското Национално биро за статистика, коментирајќи ги штотуку објавените податоци за БДП, рече дека кинеската влада силно ги осудува „американските царински бариери и трговското насилство“. Шенг Лајјун тврди дека таквите мерки ги прекршуваат меѓународните закони и принципи на Светската трговска организација (СТО) и имаат сериозен ефект врз глобалниот економски поредок.

Додаде дека објавените податоци ја покажуваат отпорноста на кинеската економија во кризни услови, но дека „високите царини наметнати од САД ќе донесат одреден притисок врз надворешната трговија и пошироката економија на Кина“.

Сепак, тој вели дека царините нема да го запрат кинескиот раст на долг рок и дека Кина ќе реагира проактивно: „Пекинг има богат арсенал на мерки за стимулирање на растот и е подготвен да преземе конкретни чекори за поддршка на економијата“, рече Шенг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за скенирачите на фискални: Познато е кога ќе тргне исплатата на повратот на данок преку Мој ДДВ

ДЕСК

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.