Centar.mk
ФОТО СВР ОХРИД
ЛОКАЛНО

БЕЗБЕДНО СО ТРАКТОР НА ПАТ: Полицијата делеше совети и едукативни флаери

На 04.10.2026 година, полициски службеници од отсекот на превенција во координација со полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, ја реализираа превентивната кампања „Безбедно управување на земјоделските машини“.

Притоа, на повеќе локации беа остварувани кратки контакти со возачи на трактори и друга механизација со цел, потсетување и кратка едукација околу потребата од придржување кон клучните мерки за превенција и сообраќајна безбедност, почитување на сообраќајните правила и прописи, редовен технички преглед, целосна техничка исправност на тракторите и приклучната механизација пред се на управувачкиот механизам и системот за кочење, на осветлувањето, користењето заштитна опрема.

На возачите им беа поделени едукативни флаери со корисни совети и насоки за поголема безбедност и видливост на тракторите и придружната механизација на патиштата особено во ноќни услови.

ФОТО СВР ОХРИД