27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Венс: Не е добро Европа да биде безбедносен вазал на САД

Не е добро Европа да биде безбедносен вазал на Соединетите Американски Држави, изјави денес потпретседателот на земјата, Џеј-Ди Венс.

„Не сакам Европејците само да прават што ќе им кажат Американците. Не мислам дека тоа е во нивен интерес, а не мислам дека е ниту во наш интерес“, рече Венс и повика на независно зајакнување на одбраната на континентот.

Венс во интервју за „Анхерд“ рече дека Европа треба да се зајакне и да работи на одбраната бидејќи повеќето европски нации немаат армија што може да обезбеди одбрана, со исклучок на Велика Британија, Франција и Полска.

Тој ги повтори критиките кон европските лидери кога станува збор за миграцијата и интеграцијата велејќи дека „европското население продолжува да бара поразумна економска и миграциска политика, а лидерите на Европа продолжуваат да одат низ овие избори и продолжуваат да им го нудат на луѓето од Европа спротивното од она за што се чини дека гласале“.

И покрај ова, американскиот потпретседател рече дека ја сака Европа иако претходно ги критикува лидерите на континентот во Минхен и Гренланд.

Венс исто така ги повтори критиките кон украинскиот претседател Володимир Зеленски за, како што рече, „апсурдните коментари на украинскиот лидер дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е некако на страната на Русите“ додавајќи дека овие коментари секако не се продуктивни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масакр во САД: Пукање во училиште – има загинати и многу повредени

ДЕСК

Нуклеарните инспектори на ОН пристигнаа во Иран за прв пат по израелскиот напад

C +

Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

C +