Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

-Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да прикаже некаков раст на платите, кога во реалноста граѓаните осиромашуваат, а секое второ семејство се бори да ги покрие основните трошоци. ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада, како ниедна досега, ги запоставија работниците, нивните права и покачувањето на платите. Сега се обидуваат да претстават минимален раст кај дел од вработените во јавниот сектор како сопствен успех, иако тоа им следуваше и без нивна заслуга, велат од СДСМ.

„Откако свесно дозволија цените да одат нагоре, без да усвојат ниту една мерка за зголемување на платите, сега се обидуваат да убедат дека граѓаните живеат добро и дека платите растат. Но граѓаните знаат подобро – ДПМНЕ се грижи само за сопствените партиски интереси. Тоа се гледа низ секоја нивна политика и постапка.

Ниту ги заштитија граѓаните од алчните трговци, ниту ја спречија инфлацијата, ниту понудија вистинска финансиска поддршка во кризата. Не се справија ниту со проблемите со парното и струјата, чии цени отидоа до небо.

Предоцна е Владата да се вади со лажен ПР. Граѓаните веќе ги почувствуваа нивните „економски политики“ – и тоа на своја кожа.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК