Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Регистриран четврти смртен случај од западнонилска треска, пациентот 27 дена се лекувал на Инфективна

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, попладнево извести дека има уште еден смртен случај на заболен од западнонилска треска. Пациентот бил на лекување на Инфективна 27 дена.

Како што соопшти директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој на клиниката бил донесен во исклучително лоша состојба со невроинвазивна форма на болеста. Кај него бил потврден вирусот „West Nile“, а имал и дополнителни заболувања.

Тој е четвртиот регистриран смртен случај на заболен од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

Вирусот засега е потврден кај 36 пациенти, а за неколку се чекаат резултатите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК