Centar.mk
БИЗНИС

Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во примената на реципрочните царини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја поздрави најавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за пауза во примената на реципрочните царини.

„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, изјави Фон дер Лејен на социјалната мрежа „Икс“.

Таа додаде дека царините се даноци што само им штетат на фирмите и на потрошувачите. „Затоа постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, посочи таа.

Вчера, Трамп најави целосен прекин на царините, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто, пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

ДЕСК

Втора година на врвот: Mozzart најпосакуван работодавач за 2025

ДЕСК

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

ДЕСК