Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 279 за брзо возење

Соопштение на МВР:

Во рамки на вчерашните (09.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец.

Статистички трендови од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), а потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (279). Она што е впечатливо за вчерашниот ден е фактот дека се евидентирани и 178 прекршоци што ги направиле пешаците.

Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се алкохолизирани возачи, шестмина возачи минале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет. Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 прекршочни казни, плус еден прекршока заради неносење заштите шлем, а по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози.

Исто така, од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК