Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

-И покрај тоа што поминаа речиси четири недели од трагедијата во Кочани, јавноста сè уште нема добиено одговори на клучните прашања: кој е одговорен за пожарот што се случи во „Пулс“ и кој е одговорен за серијата безбедносни пропусти? – прашуваат од СДСМ.

„Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле.

Не е повикан ниту еден актуелен функционер на распит, не е отворена постапка за никого од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ кои денот на трагедијата, 16 март, биле на позиции.

Зошто не се повикуваат оние кои биле на позиции кобната ноќ?

Зошто не е проширена истрагата за Кочани иако јавно беше најавено дека ќе се случи?

Не смее да има заштитени. Одговорност мора да има – од највисоките па до најниските нивоа. Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на правда, доверба и достоинство.

Граѓаните, семејствата на жртвите, сите, имаат право на вистина. Имаат право да знаат што точно се случи и кој ќе понесе одговорноост. Одговорност мора да има, и тоа на сите нивоа.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна, транспарентна и неселективна истрага. Правда за Кочани мора да има. А таа правда мора да стигне – да биде јасна, видлива и неизбежна.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК