Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Арнаудоски: Ги засилуваме контролите над пловилата на Охридското езеро, казни за неисправните бродови

Осумнаесет прекршоци за неисправност и непочитување на правилата за пловење изрече Капетанија на пристаништа, по засилените контроли во Охридското езеро.

По извршените редовни и вонредни контроли над пловилата, констатирани се прекршоци во делот на ноќно пловење како и претовар на патници, истакнаа од Капетанија на пристаништата.

“Направени се три редовни надзори на бродови, четири вонредни надзори на катамарани, два вонредни надзори на пасари со надградба-тоа се бродови до 12 патници, како и 19 вонредни надзори на кајчиња. Од извршените вкупни надзори констатирани се 18 прекршоци на чамци и тоа за ноќно пловење, непоседување уверение за управувач на чамец, неистакната регистарска ознака и еден катамаран е казнет за претовар на патници. Во следните месеци, а посебно во летниот период најавуваме зголемени инспекциските надзори во соработка со езерската полиција. Уште еден апел до сите учесници во внатрешната пловидба, навремено да си ги регистрираат своите чамци да ги извршуваат обврските на пловилата и да се придржуваат до правилата и мерките за безбедна пловидба” изјави Илија Арнаудоски капетан во Капетанија на пристаништа.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК