Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Студено време со врнежи од дожд, а на повисоките места снег

Времето денес е претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h).

Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд.

Попладне и во вечерните часови на повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 9 степени, јавува УХМР./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК