Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Зошто ЈПДП и Трајановски не го прошируваат М-тагот за патарини и со Грција, Црна Гора и Србија?

Марјан Забрчанец, поранешниот национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, во објава на социјалните мрежи потсетува дека во јули 2023 година Македонија ја активираше електронската и безконтактна М-Таг наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан.

„Од тогаш до денес Македонија не мрдна со прст на темава, а Србија го проширува овој сервис и со Хрватска, Црна Гора и Грција. Целта е граѓаните побрзо и полесно да патуваат, да нема чекање, да нема колони и застој, особено за време на лето и викенди“, укажува Забрчанец.

Во објавата на социјалните мрежи тој прашува: „Што прават нашите од ЈПДП? Каде е “ефикасниот” Коце Трајановски? Зошто Македонија не го проширува М-Тагот со Грција, Црна Гора и Хрватска?“.

„Кому му пречи поврзувањето со соседите? Кому му пречат безконтактни патарини за полесно и побрзо патување? Дали е ова намерна изолација или неспособност?“, се дополнителните прашања што ги наведува Марјан Забрчанец, поранешниот национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Извор: Racin.mk

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК