Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Влада: Во Буџетот обезбедивме 17 милијарди денари за зголемување на пензиите и здравствено осигурување на пензионерите

-Грижата за пензионерите е приоритет на Владата. Пензионерите конечно го добија заслуженото, соопшти Владата.

„Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување.

Со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари го заокруживме циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

За таа цел како Влада во Буџетот за 2025 година се обезбедени 15 милијарди денари за зголемување на пензиите и дополнителни 1,9 милијарди денари за здравствено осигурување на пензионерите, односно вкупно 17 милијарди денари.

Нашата посветеност и работа создаваат сигурен и достоинствен живот за сите граѓани.

Како Влада продолжуваме кон реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ СО ТВРДЕЊА ЗА ПРОМЕНИ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ – Бара објаснување за одредбата за вториот столб

ДЕСК

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

ДЕСК

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ ЈА ПРИМИ ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА МПЦ-ОА – Македонската црква ја нарече помесна црква со законска автокефалност

ДЕСК