Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Трамп воведе царина од 33 отсто за Македонија, највисока во регионот за Србија

Помеѓу повеќето од 180-те земји и територии погодени од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за реципрочна царина се и земјите во регионот.

Србија ќе подлежи на царини од 37 проценти – највисоки во регионот.

Следуваат Босна и Херцеговина, на која ѝ е воведена царина од 35 отсто, Македонија со 33 отсто и Хрватска, која како членка на Европската Унија подлежи на царина од 20 отсто. За Црна Гора, Албанија и за Косово се утврдени царини од 10 проценти.

САД воведоа повисоки царини отколку за Србија само за пет земји – Лаос (48 проценти), Мадагаскар (47 проценти), Виетнам (46 проценти) и Шри Ланка и Мјанмар, секоја по 44 проценти.

Трамп рече дека неговиот план ќе постави основна царина од 10 проценти, така што земјите и териториите што имаат царини од 10 проценти за американските производи ќе имаат ист износ на царини./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ОД 5.000 ДЕНАРИ: Среќна вест за речиси 1000 вработени на можеби најголемиот ланец маркети во Македонија

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Системот Е-фактура сериозен чекор во борбата со сивата економија и реформа во јавните финансии

ДЕСК

Убава вест: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК