Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Честит Рамазан Бајрам, вербата, трпението и солидарноста нека бидат наша водилка

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка до сите граѓани од исламска вероисповед по повод денешниот голем празник Рамазан Бајрам.

„Во очи големиот празник на сите исламски верници срдечно им го честитам празникот Рамазан Бајрам. Од мое лично име и од име на општината, честит Рамазан Бајрам на сите верници од исламската вероисповед!

Нека духот на вербата, трпението и солидарноста бидат водилка во деновите што следат. Нека овој Рамазан Бајрам ви донесе здравје, мир, радост и нека се исполнат вашите домови и срца со топлина и љубов. Заедничкото почитување и толеранција нека останат темели на нашето единство. Ви посакувам среќни и благословени празнични моменти. Честит Рамазан Бајрам, за многу години!“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СЕЛА ВО СКОПСКО – Прекинот ќе трае седум часа

ДЕСК

Градоначалникот Александар Георгиевски учествуваше на регионален форум посветен на Зелената агенда

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК