Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина тврди дека руски војници биле убиени во напад во Курск

Киев тврди дека до 30 руски војници биле убиени во воздушен напад врз елемент од воената инфраструктура во руската област Курск.

„Како резултат на нападот целта беше целосно уништена“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб додавајќи дека нападот „ја ослабнал способноста на непријателот да дејствува против украинските одбранбени сили во регионите Суми и Курск“.

Украина почна упад во областа Курск во август минатата година, но во последните недели нејзините сили се повлекуваат поради рускиот притисок.

Русија и САД тврдат дека значителен број украински сили се опколени во областа Курск, што Украина го негира./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турски брод помина низ Ормускиот теснец со дозвола од Иран

C +

Трамп до лидерите на Г7: Иран наскоро ќе се предаде, го решив ракот што им се закануваше на сите

C +

Иран наскоро може да добие нов сојузник во војната против Америка и Израел

C +