Centar.mk
СВЕТ

Пилотот го заборавил пасошот: авион со 270 луѓе морал да сврти во воздухот над САД

Авион на Јунајтед ерлајнс кој летал од Лос Анџелес за Кина морал да се сврти во воздух и да се врати откако било откриено дека еден од пилотите полетал без пасош, потврдија од авиокомпанијата за Си-ен-ен.

Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 14 часот по локално време и се упатил кон северозапад. Планот беше да се стигне до Шангај преку Тихиот Океан.

Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, според веб-страницата FlightAware.

„Пилотот немаше пасош во авионот. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе нашите патници до нивната дестинација таа вечер. На патниците им беа доделени ваучери за оброк и компензација“, соопштија од Јунајтед ерлајнс.

Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +