Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јошевска: Не може некој да одговара 10 години подоцна за пропусти што не предизвикале штета

Адвокатката Јошевска, во изјава за „360 степени“, укажа на правна и логичка неоснованост во обидите за поврзување на стари пропусти со штетни последици што настанале многу подоцна, без директна причинско-последична врска.

„Некој да одговара за нешто што во рамките на неговиот мандат, кога ги имал тие должности и одговорности, тие да речеме пропусти ги направил, но немало никаква штетна последица од неговите пропусти – да одговара за нешто 10 години подоцна. Не може да се поврзат овие пропусти со крајната штетна последица“, рече Јошевска.

За да ја појасни поентата, таа даде споредба со автомобил кој со години се води како технички исправен, но подоцна предизвикува несреќа:

„Ако јас возам автомобил од 2012 година кој не го поминувам на регистрација, односно со тоа не го поминувам на технички преглед, и тоа е реално неисправно – односно немам потврда дека е исправно. Или имале фалц потврда, фалц потврда или некој таму замижувал пред техничкиот преглед на разните пропусти што ги има во мојот автомобил.“

Таа додава дека сè додека тој автомобил не предизвикува штета, одговорноста за идни последици не може да се враќа наназад:

„Јас го возам од 2012 до 2024, но додека го возам не предизвикувам, имам среќа – не предизвикувам штетна последица, не прегазувам, не повредувам никого. А после го преземате вие во 2024, на вас ви откажуваат кочниците, вие прегазувате пешак, што е директно поврзано со сите пропушти коишто…“

Според неа, не е ниту правично ниту логично одговорноста за тој настан да се врати на поранешниот сопственик или службите:

„Јас не можам за вашата жртва да одговарам, ниту пак тие коишто мене ме пропуштиле, бидејќи тој автомобил секоја година се регистрира, секоја година оди на технички преглед.“