СДСМ бара темелна и неселективна истрага за трагедијата во Кочани, со лоцирање и на сегашни и на поранешни функционери и службеници.Од партијата велат дека слективната правда не е никаква правда и доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда, уште подлабоко.
„СДСМ бара целосна, независна и неселективна истрага. Правдата мора да биде задоволена и да биде еднаква за сите.Од она што досега се случува со текот на истрагата и за што имаме информации изразуваме длабока загриженост дека истрагата се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани“, изјави денеска директорт на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски.
Од опозициската СДСМ, прашуваат зошто ако се познати надлежностите на Државниот пазарен инспекторат, досега во истрагата се опфатени само двајца поранешни директори на ДПИ поради наводно непостапување, а актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата. Според Фрчкоски, актуелниот диркетор на ДПИ носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан.
„Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови. Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Јавноста има право да знае зошто, ако се гонат поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период“, изјави Фрчкоски.
Од СДСМ повикуваат на непристрасна истрага за трагедијата во Кочани, со лоцирање на одговорноста од сите, без исклучок.Од партијата велат дека државата, институциите, мора да покажат капацитет да ја спроведат правдата до крај.