Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: „Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство во нашиот реформски капацитет“

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на прес-конференција по повод пристигнувањето на средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија.

„Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, која што како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за претфинансирање, за кое во ноември мината година известивме дека, како национален координатор за Реформската агенда, го потпишав и го доставивме до ЕК. Со ова, Северна Македонија стана првата земја во регионот која ги доби овие средства откако претходно ги презеде сите неопходни чекори односно ги заврши правните процедури; т.е. Договорот за заем и Договорот за грант стапија на сила.

Втората важна вест поврзана со Реформската агенда е тоа што на 14 март 2025 година, до Европската комисија, во предвидениот рок го доставивме првото Барање за ослободување на средства во висина од 17,1 милиони евра за имплементација на конкретни реформски чекори. Во барањето ги надведовме реализираните активности до декември 2024 година (рок кој од Комисијата беше продолжен до февруари 2025 година).“ – истакна Муртезани.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК