Centar.mk
РЕГИОН

Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар кога се качил на локомотива

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.

Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.

Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.

Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК