Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски за протестите: Политичките глодари се обидуваат преку трагедии да добијат политички поени

„Протестите се демократска алатка на изразување незадоволство, и јас сум нервозен и верувам дека и вие сте незадоволни, сите ние сме незадоволни од сето тоа што се случува и тука не треба да имаме дилема. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме, многу работи изминативе девет месеци откако е избрана оваа Влада се решија. За многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија и токму тоа е за тие политички глодари проблем којшто сакаат преку овие протести да добијат некој политички поен, па гледаат шанса.

Јас апсолутно се придржувам на изразувањето револт и гнев, затоа што уште многу работи пред нас останаа да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија којшто го имаме да исправиме нешто во името на идните генерации коишто доаѓаат.

Преку ноќ не може ништо да се направи, иако направивме многу работи, ќе повторам, изминатиот период поразивме неколку мафијашки здруженија коишто за жал функционираа во државата. Ќе продолжиме и во периодот којшто следи. Но од сега па натаму, јас само би посакал да сите останеме фокусирани и обединети во решавање на проблемите. Инаку апсолутно ги разбирам сите оние коишто одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести.

Но, не можам никако да ги оправдам оние политички глодари и лешинари коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб, да не дозволи уништување на Македонија како држава.“

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК