Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Метео предупредување, следува значителна промена на времето – Синоптичарите објавија неколкудневна прогноза

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/ч). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24часа).

До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 24.03.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно, наместа со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 25.03.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Променливо облачно, наместа нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни и со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 26.03.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно, наместа нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер.