Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.

Сите пожари започнаа од стрништа, земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично, информираа утрово од ЦУК.

Од почетокот на месецов заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери.

Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК