Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тошковски: Кривични пријави против 34 физички и три правни лица, мора да има целосна и правична одговорност, без исклучоци и компромиси

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција потенцираше дека Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежното Јавно обвинителство, ја заврши првата фаза во постапувањето во врска со кривично-правниот настан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 59 лица, а има над 160 повредени.

„Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ“, соопшти министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека се работи со обемен материјал 24 часа на ден, под огромен притисок и со сите очи на јавноста вперени во истрагата.
„Но, не смееме да брзаме. Затоа што половична правда е неправда. Неправда е и ако осомничиме невини поради гнев, но исто така е неправда и ако не понесат одговорност оние за кои постојат основани докази. Нашата задача е јасна – целосна и правична одговорност, без исклучоци и без компромиси“, потенцираше министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +